Белгија е најголемиот извозник на пиво во ЕУ

Минатата година Белгија извезе 1,5 милијарди литри пиво со алкохол во земјите од ЕУ и надвор од Европската Унија и беше најголем извозник во блокот, објави Евростат по повод Меѓународниот ден на пивото.

Меѓународниот ден на пивото се слави секој прв петок во август од 2007 година, пренесува Бета.

Холандија е втор најголем извозник на пиво во ЕУ со 1,4 милијарди литри во 2025 година, по што следуваат Германија со 1,3 милијарди и Чешка и Ирска со по 0,6 милијарди литри.

Во исто време, најголем увозник на пиво со алкохол во ЕУ беше Франција, која купи 0,9 милијарди литри претходната година.

Големи увозници беа и Италија со 0,7 милијарди литри, Германија и Шпанија со по 0,6 милијарди литри и Холандија со 0,3 милијарди.

Евростат, исто така, објави дека извозот на пиво од ЕУ во земјите надвор од блокот минатата година се намалил за 11 проценти, на 3,2 милијарди литри, додека увозот се зголемил за шест проценти, на половина милијарда литри.