„Рајанер“ и „Гугл Клауд“ потпишаа петгодишен договор за употреба на вештачка интелигенција во воздухопловството

Авиокомпанијата „Рајанер“ и технолошката фирма „Гугл Клауд“  објавија дека се договориле за петгодишна соработка врз основа на која околу 35.000 вработени во ирската нискобуџетна авиокомпанија ќе добијат пристап до напредни платформи за подобрување на работењето со помош на вештачката интелигенција.

Интеграцијата на напредните cloud технологии има за цел да ја стабилизира и поддржи експанзијата на „Рајанер“, чија цел е да превезува 300 милиони патници годишно до 2034 година, според соопштението.

Најзначајниот сегмент од партнерството се однесува на воведувањето на „Џемини Ентерпрајз“, платформа базирана на агенти на вештачка интелигенција (агентска вештачка интелигенција) во рамките на „Гугл Клауд“.