ДЗС: Бројот на одобренија за градење во јуни скокна за 39 %, ќе се градат 754 нови станови

Раст од 39 проценти на годишно ниво бележат издадените одобренија за градење во јуни 2026 година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во овој месец се издадени вкупно 296 градежни дозволи со предвидена вредност на објектите од над 6,3 милијарди денари. Најголем дел од одобренијата се наменети за објекти од високоградба, при што во извештајниот период е предвидена изградба на 754 нови станови.

Во јуни 2026 година се издадени  296 одобренија за градење, што е за 39.0  % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6. 363, 610 илјади денари, што е за  31.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 200 (67.6 %) се наменети за објекти од високоградба, 26 (8.8 %) за објекти од нискоградба и 70 ( 23.6 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 296 објекти, на  218 (73.6 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 78 (26.4%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 754 станови со вкупна корисна површина од  64 266 м2.

Во јуни 2026 година:

  • Најмногу одобренија за градење, 200, се издадени за високоградба 
  • Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 70
  • За изградба се предвидени 754 станови