Затемнувањето на сонцето ги зголеми цените на сместувањето во Европа над 1.000 евра по ноќ

Целосното затемнување на сонцето предизвика големо зголемување на побарувачката за сместување во деловите од Европа низ кои минуваше патот на целосното затемнување, па цените на хотелите и приватното сместување во некои дестинации надминаа 1.000 евра по ноќ.

Затемнувањето, кое беше видливо во Велика Британија, Исланд, северна Шпанија, Гренланд и Португалија на 12 август, поттикна голем број туристи да патуваат во области каде што најдобро може да се види небесниот феномен.

Во Рејкјавик, во текот на оваа недела, хотелите чинат просечно 864 евра по ноќ, што е двојно повеќе отколку во истиот период во 2025 година, објавува денес CNBC.