
Загриженоста меѓу претставниците на Федералните резерви на САД (ФЕД) за инфлацијата се продлабочи на нивниот состанок во јули, при што неколкумина беа подготвени да ги зголемат каматните стапки, додека многу учесници рекоа дека тоа ќе биде неопходно доколку инфлацијата не продолжи да се приближува кон целта од два проценти, покажа записникот од состанокот објавен вчера.
ФЕД ја задржа референтната каматна стапка во опсег од 3,50 до 3,75 проценти на состанокот на 28 и 29 јули, но тројца претставници гласаа за зголемување на стапката за 0,25 процентни поени, објави Ројтерс.
Претставниците, кои го поддржаа зголемувањето на каматните стапки, проценија дека ефектите врз цените се многу забележливи и дека монетарната политика треба да биде порестриктивна за да се постигнат целите за стабилност на цените и максимална вработеност.











