Кинескиот производител на автомобили „Чери“ отвора истражувачки центар во Англија

Кинескиот производител на автомобили „Чери“, чии брендови се  Jaecoo и Omoda,, ќе отвори нов центар за истражување и развој во Англија.

Овој потег е дел од долгорочен план за проширување на операциите на британскиот пазар и подготовка за производство на автомобили во Обединетото Кралство, објави „Гардијан“.

Новиот центар треба да се отвори кон крајот на есента на тест-центарот за возила „Милбрук“ на UTAC во Бедфордшир, а компанијата планира да регрутира локални експерти.

Чери не кажа колку ќе биде инвестицијата или колку луѓе ќе бидат вработени во центарот.

Компанијата соопшти дека центарот ќе се фокусира на развој на возила прилагодени на британските патишта и услови на возење, како и на истражување на технологии за автономно возење и вештачка интелигенција.