Цените на нафтата незапирливи: Скок четврти ден по ред, барелот се приближува до 92 долари

Цените на нафтата повторно пораснаа утрово, четврти ден по ред. На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент се зголеми за 0,34 проценти, на 91,95 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,20 проценти, на 86,05 долари.

И на валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничка валути нагло падна, по падот на приносите од обврзниците.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, утрово е околу 98,85 поени, блиску до најниското ниво за три месеци, додека вчера во ова време беше 99,65 поени. Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 159,35 на 158,50 јени.

Американската валута исто така ослабе во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1675 долари, додека вчера во ова време изнесуваше 1,1585 долари.