
Американскиот развивач на вештачка интелигенција Open AI планира да излезе на берза во 2027 година, а можеби и порано ако бизнисот продолжи да расте со брзо темпо, им рече финансиската директорка Сара Фрајер на вработените на интерен состанок.
Фрајер на состанокот изјави дека IPO не е крајна цел на компанијата, туку уште една фаза на собирање капитал, изјавија два анонимни извори за CNBC.
Open AI собра 122 милијарди долари во март, давајќи ѝ на компанијата поголема финансиска флексибилност, додаде таа.











