Ново гасно поле вредно десетици милијарди долари е откриено на југот на Иран

Иранскиот министер за нафтена индустрија, Мохсен Пакнеџад, изјави дека во покраината Фарс на југот на Иран е откриено ново гасно поле со проценета вредност на неколку десетици милијарди долари.

Пакнеџад истакна дека што е можно поскоро мора да се изготви план за експлоатација на тоа гасно поле, објави агенцијата Мехр.

Тој изјави дека гасот од тоа наоѓалиште ќе се користи во индустријата и другите енергетски сектори.