Трамп: Од јануари, САД ги зголемуваат царините за канадски автомобили и челик на 50 проценти

Американскиот претседател Доналд Трамп  објави дека САД ќе ги зголемат царините за канадски автомобили, камиони, автоделови и челик на 50 проценти почнувајќи од 1 јануари 2027 година.

Тој додаде дека производите од тие категории ќе бидат ослободени од царински давачки доколку се произведени во Соединетите Американски Држави.

Американскиот претседател ја обвини Канада дека со години наметнува „апсурдно високи“ царини за американски земјоделски производи, тврдејќи дека тоа придонело за трговски дефицит на САД со Канада од околу 60 милијарди долари.