
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ги проширува секундарните санкции што може да ги наметне врз компаниите и земјите ширум светот за одржување на деловни врски со Иран.
Министерот за финансии на САД, Скот Бесант, ги откри мерките, кои ги опиша како „економски Ден Д“, при што Вашингтон испрати последно предупредување до земјите да ги прекинат деловните врски со Иран или ризикуваат нивните клучни компании и институции да бидат исклучени од финансискиот систем базиран на долар.
„Почнуваме економска офанзива против финансиските врски на Иран низ целиот свет, а нашата цел е да го прекинеме секој економски канал што го одржува овој тирански режим, сè додека Техеран не остане сам“, рече Бесент.











