Родителите ќе можат да ги следат тинејџерите зад воланот во живо преку Uber

Американската компанија Uber воведува нова функција што им овозможува на родителите да ги гледаат возењата на своите тинејџери во живо преку видео пренос од предната камера на телефонот на возачот.

Функцијата моментално е достапна на девет американски пазари, а компанијата планира да ја прошири на целата територија на Соединетите Американски Држави во наредните недели, објавува TechCrunch.

Кога ќе започне возењето, родителот или старателот чија сметка е поврзана со сметката на тинејџерот добива известување дека видео преносот е достапен.

Доколку одлучи да го погледне, и возачот и тинејџерот ќе бидат известени.

Видео стримот е достапен само за родителот или старателот поврзан со сметката на тинејџерот, додаде компанијата.

Сепак, Uber не нуди опција за други лица кои можеби се возат со тинејџерот да се откажат од стримот.

По завршувањето на возењето, видеото повеќе нема да биде достапно за возачот, тинејџерот или родителот или старателот.