Макпетрол започнува со исплата на дивиденда

Макпетрол АД Скопје на 31 август 2026 година започнува со исплата на дивиденда за 2025 година.

Макпетрол АД Скопје, со седиште на ул. Св. Кирил и Методиј бр 4 , 1000 Скопје, согласно Одлуката за плаќање на дивиденда по Годишната сметка на Друштвото за 2025 година (Дивиденден календар) број 0201-36/2-4 од 26.5.2026 година, донесена на XXX-то годишно Собрание на акционери, објавува дека на ден 31.08.2026 година, започнува со исплата на дивиденда во бруто износ од 467.285.280 денари, односно во бруто-износ од 4.620 денари по акција, стои во објавата на Македонска берза.