Холандија нема да ја достигне својата цел за капацитет за складирање гас пред зимата

Холандија нема да може да ја достигне претходно поставената цел за капацитет за складирање на природен гас до почетокот на зимата, објави  компанијата „Гасуни“.

Оваа компанија предупреди дека без дополнителни мерки, споменатата земја нема да биде доволно подготвена за екстремно студена зима, објавува „НЛ Тајмс“.

Целта беше складиштата да содржат 115 терават-часови (TWh) гас до почетокот на ноември, што одговара на приближно половина од годишната потрошувачка на Холандија и околу 80 проценти зафатеност.