
Воведувањето на данок на ЕУ за мали пакети од 1 јули, особено за оние од Кина, доведе до пад на увозот во ЕУ од 30 до 40 проценти, објави денес француското Министерство за економија, повикувајќи се на податоци од француската царина.
„Ништо не е невозможно кога се соочуваме со Кина“, рече францускиот министер за економија Ролан Лескур, пренесува Фигаро.
Тој ги поздрави ефектите од овој данок насочен кон главните платформи за онлајн продажба во Азија, Shein, Tema и AliExpress.
Дополнителниот данок претходно воведен од Франција не го даде очекуваниот ефект, но данокот воведен од ЕУ на 1 јули се покажа како ефикасен, според францускиот дневен весник.











