
Швајцарската влада подготви пакет во вредност од повеќе од 70 милиони швајцарски франци (74,7 милиони евра) за помош на шумарството и земјоделството, кои се соочуваат со последиците од овогодинешната екстремна топлина и суша.
Федералниот совет на Швајцарија предлага зголемување на буџетот за шумарство за 17,5 милиони франци за 2027 година, а за земјоделството се предвидени дополнителни 54 милиони франци веќе оваа година, објавува Swiss info.
Парите би се обезбедиле преку бескаматни кредити наменети за земјоделците кои се соочуваат со проблеми со ликвидноста поради последиците од сушата.











