Групацијата „Шварц“ инвестира милијарди во дигитална инфраструктура

Германската „Шварц груп“, сопственик на малопродажните синџири „Лидл“ и „Кауфланд“, ќе инвестира 5,6 милијарди евра во изградба на голем центар за податоци во Думерсторф, во близина на Росток, во североисточна Германија. Компанијата планира фабриката да достигне капацитет од 240 мегавати до 2033 година, додека до 2045 година капацитетот би можел да се зголеми на еден гигават.

„Дигиталниот суверенитет не се создава со апели или говори. Тој се создава со акција, сигурна инфраструктура и практични примени“, изјави извршниот директор на „Шварц груп“, Герд Чрзановски, пишува SEEbiz.

Шварц веќе гради центар за податоци со слична големина во Бранденбург, недалеку од Берлин, во кој ќе бидат инвестирани вкупно околу 11 милијарди евра.

Иако Групацијата е најпозната по малопродажбата, таа работи и како давател на ИТ услуги веќе неколку години преку дивизијата Шварц Дигитс, која нуди услуги за cloud computing и сајбер безбедност.