Драматичен пад на сообраќајот низ Ормутскиот теснец: Дневно минуваат само пет бродови

Бројот на регистрирани бродови што минуваат низ Ормутскиот теснец се намали на пет дневно овој викенд, бидејќи превозниците се многу претпазливи поради континуираните напади врз бродови, објави Ројтерс.

Се наведува дека вистинскиот број на бродови што минуваат низ теснецот може да биде поголем, бидејќи некои бродови, за да избегнат напади, го исклучиле системот за автоматска идентификација.

Сообраќајот за време на викендот беше ограничен на мали бродови, покажаа податоците на Kpler. Kpler е глобална технолошка компанија која обезбедува податоци и анализи во реално време за физичка трговија со стоки, поморски транспорт и енергетски пазари.

Меѓу бродовите имаше два танкери за течен нафтен гас, од кои едниот излезе од теснецот преку иранската рута, додека другиот исплови во темница и се упатува кон Индија, покажаа податоците.

Поморските трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO), воена организација под покровителство на Кралската морнарица, објави дека танкер бил погоден од непозната ракета во саботата додека минувал низ Ормускиот теснец.

Ова беше трет напад во теснецот што го објави агенцијата во текот на изминатата недела.

Тензиите во Заливот се зголемија откако американските сили нападнаа два ирански лансери на иранскиот остров Ларак во Ормускиот теснец во неделата.