
Влијанието на вештачката интелигенција врз сајбер ризиците претставува непосредна закана за глобалниот финансиски систем, предупреди денес претседателот на Одборот за финансиска стабилност (ФСБ), Ендру Бејли, кој е и гувернер на Банката на Англија.
Бејли во писмо до министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите од Групата 20 (Г20) изјави дека вештачката интелигенција би можела значително да ја промени брзината, обемот и економската профитабилност на сајбер нападите, пренесува Ројтерс.
Ова значи дека напаѓачите со помош на напредни модели на вештачка интелигенција би можеле побрзо да пронајдат ранливости и истовремено да нападнат многу поголем број системи.











