Скок на прометот со горива во јули – реално зголемување од 13,2%

Во јули 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена за 13.2 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во трговијата на мало во јули 2026 година, во споредба со јули 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 4.3 %, а реално нема промени, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 1.1 %, а реално за 6.7 %, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 2.8 %, а реално за 3.6 % и Трговија на мало со автомобилски горива реално е зголемена за 13.2 %, а номинално за 26.8 %.

Во јули 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, стапката на прометот во следниве групи/класи:

  • Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена номинално за 26.8 %, а реално за 
    13.2 %
  •  Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво е зголемена номинално за 1.1 %, а реално за 6.7 %