Претставници од 80 земји го потврдија своето учество на Источниот економски форум во Владивосток

Учеството на Источниот економски форум во Владивосток, кој ќе се одржи од 1 до 4 септември, го потврдија делегации од 80 земји, вклучувајќи ги Кина, Индија, Обединетите Арапски Емирати, Јапонија, Монголија и Јужна Кореја, објави денес советникот на рускиот претседател, Антон Кобјаков.

Главната тема на овогодинешниот форум е „Далечен Исток – развој во корист на луѓето“, објавува „Комерсант“.

„Владивосток ги пречекува гостите од земји со различни економски модели, интереси и пристапи кон развојот. Ова создава можност за отворени, професионални дискусии и барање заеднички јазик за широк спектар прашања, од трговија и инвестиции до технологија и логистика“, рече Антон Кобјаков.