
Поради кризата на Блискиот Исток, цените на нафтата пораснаа втор ден по ред. На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент се зголеми утрово за 0,92 проценти, на 91,30 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 1,20 проценти, на 86,80 долари.
Доларот малку ослабе
Сепак, на валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути малку падна втор ден по ред.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, утрово е околу 99,52 поени, додека вчера во ова време беше 99,58 поени.











