
Индустриската активност во еврозоната порасна со најбрзо темпо за повеќе од четири години во август, при што новите нарачки пораснаа со најсилно темпо од почетокот на 2022 година, покажа денес конечниот индекс на менаџери за набавки (PMI) на S&P.
Вредноста на PMI за производство во еврозоната се зголеми од 51,9 во јули на 52,7 поени, што е највисоко ниво од мај 2022 година, објави Ројтерс.
Вредност над 50 поени укажува на зголемување на активноста, односно експанзија, а вредност под 50 поени укажува на пад, односно контракција на економската активност.











