
Шпанија во јули ја посетиле 11,54 милиони странски туристи, што е историски рекорд за месец јули и 4,6 проценти повеќе во однос на истиот месец минатата година, според прелиминарните податоци објавени денес од Шпанскиот институт за статистика (INE).
Најголемиот број туристи дошле од Велика Британија, речиси 2,2 милиони, што претставува зголемување од 5,6 проценти во однос на претходната година.
Околу 1,59 милиони туристи дошле од Франција, 2,3 проценти повеќе на годишно ниво, додека 1,21 милион пристигнале од Германија, исто така 2,3 проценти повеќе.











