
Европската комисија на вчерашната конференција во Брисел порача дека нема да ги менува Шенгенските правила, но дека е отворена за дискусија за практични решенија за превозниците од Западен Балкан кои, поради природата на нивната работа, треба да останат во Шенген зоната повеќе од 90 дена во период од 180 дена.
Ова важи, меѓу другото, за спортисти и уметници на турнеи за кои е можно да се аплицира за долгорочна виза или дозвола за престој, додека во некои ограничени случаи возачите можат да се третираат како прекугранични работници.
Портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламерт, изјави дека системот за влез и излез не воведува никакви нови правила или нови барања во врска со должината на краткорочниот престој во Шенген зоната.











