S&P Global: Растот на деловната активност во еврозоната стабилен во август

Растот на деловната активност во еврозоната остана стабилен во август, и покрај забавувањето во доминантниот сектор на услуги, соопшти аналитичката фирма S&P Global.

Од друга страна, поинтензивното закрепнување на производството помогна да се одржи вкупната активност на приближно исто ниво, објави Ројтерс.

Индексот на менаџерите за набавки (PMI) за секторот на услуги во еврозоната падна на 51,6 во август од 51,7 во јули, што е најниско ниво за два месеци, но сепак беше над границата од 50 поени што го одделува растот од контракцијата на активноста.