
Централна кооперативна банка АД Скопје ја известува јавноста дека согласно Решение бр.15-19187/7 од 24.7.2026 година, донесено од страна на Извршниот одбор на НБРСМ, со коешто се издава претходна согласност за промена на седиштето на Централна кооперативна банка АД Скопје и претходна согласност за измени и дополнувања на Статутот на Банката, Банката изврши измена и дополнување на Статутот и направи промена на адресата на седиштето на Банката, коишто се запишани во Централниот регистар на РСМ со Решение заведено со деловоден број 35020260019388 од 01.9.2026 година.
Новата адреса на седиштето на Банката гласи:
ул:„Столтенбергова” број 2, Скопје
Други промени Банката нема извршено, матичниот број, сметката и даночниот број , остануваат непроменети.
Во иднина во правниот промет со трети лица Банката ќе ја употребува новата адресата на седиштето.












