Јавна опомена за котирано друштво

На издавачот Факом АД Скопје, чии хартии од вредност котираат на Официјалниот пазар на Берзата, му се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на неревидирани финансиски извештаи (Биланс на успех, Биланс на состојба, Извештај за паричните текови и Извештај за промените во капиталот) за периодот 01.01.2026 година – 30.06.2026 година и образложение кон истите најдоцна до 31.07.2026 година,  со што издавачот не постапи согласно член 40, точка 3 и точка 4 од Правилата за котација.