
Новите нарачки во германската преработувачка индустрија се зголемија во јули за 2,5 проценти во споредба со претходниот месец, но првенствено благодарение на влијанието на големите нарачки, додека автомобилската индустрија е во пад, објави денес Германскиот федерален завод за статистика (Дестатис).
Јунскиот раст на новите фабрички нарачки беше истовремено ревидиран нагоре, од првичните 3,1 на 3,7 проценти, се додава во соопштението.
Растот на нарачките во јули првенствено беше поттикнат од големите индивидуални нарачки за авиони, бродови, возови и воени возила, кои скокнаа за дури 126,4 проценти во однос на јуни.











