
Сезонски прилагодената малопродажба во еврозоната се намали за 0,6 проценти на месечно ниво во јули, според првата прелиминарна проценка, што укажува дека потрошувачката ослабела со најбрзо темпо од мај 2025 година, објави денес Евростат.
Малопродажбата на храна, пијалоци и тутун се зголеми за 0,4 проценти, но продажбата на непрехранбени производи се намали за 1,4 проценти, а продажбата на автомобилско гориво во специјализирани продавници се намали за 0,8 проценти.
Меѓу членките на Европската унија што ги објавија своите податоци, најголем месечен раст на малопродажбата е пријавен во Латвија од 2,5 проценти, Кипар од 2 проценти, Луксембург од 1,8 проценти, а најизразен пад е регистриран во Германија од 3,4 проценти, Шпанија од 0,9 проценти, Италија и Полска, по 0,3 проценти.











