
Шпанија предложи во следниот буџет на Европската Унија за периодот од 2028 до 2034 година да се вклучи посебен фонд за одговор на екстремни временски и климатски настани, како што се топлотни бранови, рекордно високи температури на морето и шумски пожари.
Предлогот, кој шпанската министерка за животна средина и енергетика, Сара Агесен, го испрати до Европската комисија, предвидува воведување на даноци врз профитот на нафтените и гасните компании на ниво на ЕУ, објавува Блумберг.
Приходите од тој данок би биле наменети за институциите на ЕУ за да можат заеднички да одговорат на климатските ризици, покрај мерките што ги преземаат поединечните држави.











