„Ер Србија“ воведува 14 летови неделно на линијата Скопје – Белград

„Ер Србија“ ги зголемува фреквенциите на летови меѓу Белград и Скопје за време на претстојната зимска сезона.

Авиокомпанијата минатата недела закажа четиринаесет летови неделно меѓу двата главни града од 25 октомври, со што воведува линија со два лета дневно.

Ревидираниот распоред претставува зголемување од првично планираните единаесет неделни ротации, како и од десетте неделни летови кои се реализираа за време на претходната зимска сезона. Планирано е сите летови да се одржуваат со турбопропелерскиот авион „ATR72-600“,  пишува Exyuaviation.

Фото:Air Serbia