
Цените на угостителските услуги во август годинава бележат благ месечен раст од 0,6%, додека на годишно ниво, во споредба со истиот месец лани, се зголемени за 3,7%, соопшти Државниот завод за статистика.
Според податоците на ДЗС, во споредба со јули, најголемо поскапување од 1,5% е забележано кај алкохолните и безалкохолните пијалаци. Храната во угостителските објекти поскапела за 0,5%, додека цените на ноќевањата забележале минимален раст од 0,4%.
Во периодот јануари – август 2026 година, угостителските услуги бележат просечен раст од 3,0% во однос на истиот период од минатата година.
Цените во угостителството во август 2026 година, во однос на јули 2026 година, во следниве групи се зголемени за:
- 0.5 % кај Храна
- 1.5 % кај Алкохолни пијалаци
- 1.5 % кај Безалкохолни пијалаци
- 0.4 % кај Ноќевања











