„Порше СЕ“ го проширува бизнисот во вселенската индустрија со инвестиција во стартот „Стоук спејс“

Porsche SE објави инвестиција во американскиот ракетен стартап Stoke Space Technologies за проширување на својот бизнис во вселенската индустрија.

Инвестицискиот холдинг под контрола на семејствата Porsche и Piëch објави во вторник дека стекнал удел во американската вселенска компанија Stoke Space Technologies со инвестирање, како што велат, во износ од неколку десетици милиони евра.

„Стоук Спејс“, објавува „Хина“, развива двостепена ракета која треба да биде целосно употреблива при повеќекратни лансирања. „Нова Патфајндер“, како што се нарекува ракетата, треба да биде лансирана за прв пат на почетокот на 2027 година.

Повторната употреба на двата дела од ракетата би можела да овозможи почести лансирања, со значително пониски трошоци во споредба со конвенционалните лансирни возила.

Порше забележува дека таква технологија моментално ја користи само „Спејс Екс“ на Илон Маск.

„Побарувачката за лансирање ракети е голема, а во моментов речиси исклучиво ја задоволува „Спејс Екс“, рече извршниот директор на „Порше СЕ“, Ханс Дитер Печ.

„Стоук Спејс применува уникатен и многу ветувачки технолошки пристап и затоа е многу привлечна инвестиција“, додаде Печ.

Овој бизнис потег претставува втора инвестиција на инвестицискиот холдинг Порше СЕ во вселенска компанија, откако тие инвестираа 75 милиони долари во 2021 година заедно со ХВ Капитал и Ломбард Одиер во баварскиот стартап за производство на ракети Исар Аероспејс, стекнувајќи удел од неколку проценти.