
Глобалната трговија со стоки се зајакна од јуни и покрај геополитичките тензии и неизвесностите во трговската политика, соопшти Светската трговска организација (СТО).
Оваа меѓународна економска институција укажа на отпорноста на стоковите текови, но и на сè уште зголемените ризици, објави Ројтерс.
Барометарот на СТО, кој го следи растот на трговијата со стоки, достигна 102 поени во септември, во споредба со 101,7 поени во јуни, при што растот остана над долгорочниот тренд.
Вредности над 100 укажуваат на раст на трговијата над основниот тренд, додека вредностите под 100 укажуваат на раст под трендот.
Барометарот за трговија со стоки на СТО се објавува четири пати годишно и вклучува индикатори како што се нови нарачки за извоз, воздушен товарен сообраќај, контејнерски транспорт, продажба на автомобили, суровини и електронски компоненти.
Светската трговска организација изјави дека подобрувањето на индикаторите е постигнато и покрај неизвесноста предизвикана од геополитичките тензии и промените во трговската политика.
Во март, таа организација прогнозираше дека растот на светската трговија со стоки значително ќе забави оваа година, на 1,9 проценти, од 4,6 проценти во 2025 година, пренесува Танјуг. СТО предупреди дека растот може да биде уште послаб ако војната меѓу САД и Иран продолжи да ги зголемува цените на енергијата и да го нарушува глобалниот транспорт.











