Apple го претстави првиот преклопен iPhone, нови модели на телефони, часовници и слушалки

Apple го претстави првиот преклопен iPhone, новите модели iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max, како и нова генерација паметни часовници и безжични слушалки.

На првото големо лансирање на нови производи под водство на новиот извршен директор Џон Тернус, најголемата вест е iPhone Duo, првиот преклопен телефон на Apple, кој се отвора како книга, објави CNBC.

Уредот има надворешен дисплеј од 5,4 инчи и внатрешен дисплеј од 7,6 инчи, а се напојува со новиот чип A20 pro.

Телефонот има две камери од 48 мегапиксели, поддршка за Apple Pencil и Touch ID вграден во страничното копче.

Кога е отворен, дебелината му е само 5,2 милиметри, а батеријата овозможува до 44 часа репродукција на видео.

Почетната цена на iPhone duo е 1.999 долари (околу 1.700 евра) за верзијата со 256 гигабајти меморија.

Преднарачките започнуваат на 16 октомври, додека уредот ќе биде достапен од 23 октомври.

Претставен беше и iPhone 18 Pro, со почетна цена од 1.199 долари (околу 1.020 евра), додека iPhone 18 Pro Max започнува од 1.299 долари (околу 1.105 евра).

И двата модели имаат почетна меморија од 256 гигабајти, а ќе бидат во продажба од 18 септември, а преднарачките ќе започнат на 12 септември.