
Извозот на патнички автомобили од Кина во првите осум месеци од оваа година веќе го надмина вкупниот извоз од минатата година, објави Кинеската асоцијација на производители на автомобили.
Кинеската авто-индустрија собори нов рекорд: Извозот во првите осум месеци ја надмина цела мината година
Според Асоцијацијата, Кина извезла повеќе од 6,2 милиони патнички возила, во споредба со шест милиони автомобили извезени минатата година. Вкупниот извоз на сите видови возила минатата година изнесувал 7,1 милион.
Извозот на патнички автомобили во август се зголеми за 67,1 проценти во споредба со истиот месец минатата година, на околу 890.000 возила, поттикнат од растот на извозот на хибридни возила и целосно електрични возила, пренесува АП.
Според проценката на агенцијата „Стандард енд пур глобал рејтингс“, најголемиот извозник на автомобили во светот е на пат да постигне годишен раст на извозот на патнички возила од 50 до 70 проценти.











