Димитриеска-Кочоска: Се движиме по добра траекторија – инвестициите се склучни за економскиот развој

Инвестицискиот циклус којшто го имаме во изминатиот период треба да го зачуваме. Во 10 последователни квартали во континуитет имаме  стапка на раст од околу и над 3%, а во последниот квартал стапка на раст од 4,3%. Тоа покажува дека се движиме по една добра траекторија. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на панел дискусија посветена на тема „Од притисокот во еврозоната до фискална отпорност: Буџетски приоритети, реалности во приватниот сектор и регионални лекции” на Регионалната конференција „Охрид 2026″, каде што потенцира дека поддршката на инвестицискиот циклус оди заедно со спроведување на една постепена фискална консолидација којашто треба да биде приоритет.  

„Прашањето е дали треба да се стремите кон тоа да имате буџетски дефицит колку што сте предвиделе. Дали е можеби потребно и мало изместување во однос на тоа што сте го испроектирале во насока на тоа да дадете поддршка на оној инвестициски циклус кој трае во еден подолг временски период. И тоа беше еден од најголемите ппредизвици што го имавме како Министерство за финансии при подготовка на последниот ребаланс на Буџетот. Нашата одлука секако беше дека ќе избалансираме.  Од една страна дефинитивно ќе помстиме дел од буџетскиот дефицит во нагорна линија, при тоа имајќи предвид дека најголем дел од тој дефицит ќе оди кон финансирање проекти, кои ќе додадат дополнителна вредност за економијата, но во исто време внимателно ќе работиме и на приходната страна, затоа што не е фискалната консолидација само фокус на расходната”, истакна министерката.

Таа потсети дека Македонија е една од земјите која имаше оромен буџетски дефицит во 2020 година, меѓутоа во 2021 не успеа да го консолидира дефицитот и за сметка на тоа фискалната консолидација се одвива побавно. Исто така влијание на спроведување на овој процес има и исплатата на расходи кои произлегуваат од стекнати законски права, а кои во минатото ги немало во Буџетот.

„Приоритет мора да има фискалната консолидација, затоа што тоа на крајот ќе има влијание и на кредитниот рејтинг, ќе има влијание во иднина и на каматните стапки. Што значи тоа треба да биде приоритет, но не по секоја цена за колкав временски период ќе го оствариме. Не треба да брзаме во остварување на фискалната консолидација – буџетски дефицит под 3% и јавен долг под 60%, а на штета на тоа да направиме пореметување кај инвестициите”, потенцира министерката за финансии.

Таа додаде дека инвестициите се клучни за растот и дека доколку се погледнат податоците за растот на БДП во вториот квартал тие покажуваат дека инвестициите се главен двигател на растот. При тоа наведе дека се уште има простор за подобрување, но дека се значајни ако се има предвид од каде се почн во првиот квартал од 2024 година кога стапката на раст изнесуваше 1,6%.

Посочи дека растот државата сама не го остварува и дека тука се многу значајни и инвестициите на приватниот сектор. При тоа наведе дека покрај поддршката што се дава преку Развојната банка и преку Законот за финансиска поддршка, секако важна е и предвидливоста.

„Имаме еден инвестициски циклус кој треба да го чуваме и да помагаме колку што можеме и како држава. Дали е доволни?  Не, се уште има одредени структурни проблеми во економијата и тука треба можеби одредени промени. Преку Развојата банка помагаме на приватниот сектор, кај Законот за финансиска поддршка  можеби ќе се менуваат одредени работи во насока на тоа да се поддржат одредени компании од одредени сектори кои сметаме дека треба да се зајакнуваат затоа што не може да зависиме и БДП да ни зависи од оние странски инвеститори кои прд 15 години дојдоа тука, а факт е дека тие се најголем мотор на создавање на БДП. Сме на добра патека но треба се уште да се работи. Има простор и верувам дека во периодот што следи ќе успееме да ги подобриме и овие резултати”, порача министерката.

Според неа значаен инструмент во трансформација на економијата има и Планот за раст  чие што исполнување значи една поголема трансформација од она што е администрација, легислатива, подобрување на целокупното законодавство и однесување на државата и приближување до европското.