
Светските цени на нафтата доживеаја значителни флуктуации оваа недела, при што двата вида нафта ја надминаа границата од 100 долари за барел.
Цените на светските берзи забележаа силен неделен раст од над 8%, со што двата клучни нафтени деривати ја надминаа психолошката граница од 100 долари за барел.
Според последните податоци, суровата нафта Brent се тргува по цена од 104,6 долари за барел, додека американската WTI достигна точно 100,0 долари.

Ваквиот скок доаѓа во услови на зголемена геополитичка тензија и стравувања од подолготрајни нарушувања во глобалното снабдување со енергенси.











