
Цените на нафтата бележат благ пад и на лондонскиот пазар се тргуваат за 104, 7 долари за барел долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се намали на 101,3 долари.
Доларот зајакна четврти ден по ред
А на валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути порасна четврти ден по ред и достигна највисоко ниво за седум недели.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, утрово е околу 100,28 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 99,62 поени.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 155,30 на 156,05 јени.
Американската валута исто така зајакна во споредба со европската, па цената на еврото се лизна на 1,1465 долари, додека вчера во ова време изнесуваше 1,1545 долари.











