
Цените на акциите пораснаа на европските берзи во четврток наутро, бидејќи инвеститорите не беа изненадени од вчерашното зголемување на каматните стапки од страна на американскиот Фед, а беа охрабрени од падот на цените на нафтата втор ден по ред.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,7 проценти во 9:30 часот наутро, добивајќи сила втор ден по ред.
Во исто време, лондонскиот индекс FTSE зајакна за 0,75 проценти, на 10.768 поени, додека франкфуртскиот DAX се зголеми за 0,70 проценти, на 25.717 поени, а парискиот CAC за 0,51 процент, на 8.180 поени.
Инвеститорите беа охрабрени утрово од падот на цените на нафтата втор ден по ред, повеќе од 1,5 проценти, што, доколку продолжи, би можело да ги намали инфлациските притисоци.
Инвеститорите ќе се фокусираат на состанокот на британската централна банка денес. Не се очекува зголемување на каматните стапки, но постојат можни сигнали дека поради зголемените цени на енергетските производи, во ноември би можело да следи зголемување на цената на парите.











