Тихомир Ангелов Атанасов и Христо Георгиев Христов добија нов 4-годишен мандат во Централна кооперативна банка

Централна кооперативна банка АД Скопје ги извести инвеститорите преку Македонската берза за добиената претходна согласност од Народната банка на Република Северна Македонија за повторно именување на двајца членови во нејзиниот Надзорен одбор.

Ве известуваме дека на ден 16.9.2026 година од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија издадени се Решенија со коишто се издава претходна согласност за г-дин Тихомир Ангелов Атанасов и г-дин Христо Георгиев Христов да бидат повторно именувани за членови на Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје за период од 4 (четири) години.