Нови цени на горивата:Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се
намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за
утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од
14.09.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 99,00 ден/лит,
додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 101,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 5,50 ден/лит, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 14.09.2026 година и со тоа малопродажната цена
на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 104,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за
7,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на
највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.09.2026 годинаи со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 102,50
ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,835 ден/кг, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 14.09.2026 година и со тоа малопродажната цена
на Мазутот М-1 НС изнесува 50,078 ден/кг.

Од 22.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 99,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 101,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 104,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 102,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 50,078 (денари/килограм)