⛽ 📈Дизелот во Македонија проби 104 денари, а во Европа цените рушат рекордни 2,5 евра за литар

Цените на горивата во Европа драматично пораснаа.Ситуацијата во светот е таква што нема добри вести и веројатно нема да има во следните неколку недели.
Во Македонија РКЕ вчера ги диктираше цените по кои ќе се точат горивата, па Еуросупер БС – 95  изнесува 99,00 денари за литар, а Еуросупер 98, 101 дена за литар. Дизелот покапе за 5,5 денари и новата цена по која се точи денеска е 104,5 денари за литар.
Во Хрватска, цената на Еуросупер 95 е 1,74 евра, а Еуродизел е 1,91 евра.
Цените на горивата драматично растат и во европските земји. Да ги споменеме само екстремите, во Данска литар бензин чини 2,56 евра, а литар дизел чини 2,502 евра. Во Германија, цените се 2.357 и 2.426 евра, а во Холандија, 2.434 и 2.494 евра. Од друга страна е Малта, каде што литар бензин чини 1,34, а литар дизел 1,21 евра.

Во Словенија, литар бензин чини 1.641 евра, а литар дизел чини 1.854 евра. Во Италија, цената е 2.084 и 2.191 евра.