
Луксузниот британски производител го претстави електричниот теренец Torcal, чија почетна цена е 173.000 фунти, или околу 199.000 евра.
Британскиот производител на луксузни автомобили Bentley го претстави својот прв целосно електричен модел – теренецот Torcal, со кој сака да привлече нови клиенти и да ја тестира подготвеноста на богатите возачи да преминат на електрични возила.
Torcal е позициониран на долниот крај од гамата на Bentley, а компанијата го задржа препознатливиот дизајн на своите автомобили со мотори со внатрешно согорување.
Автомобилот има светла во облик на дијамант, инспирирани од традиционалната предна решетка, иако на електричното возило не му е потребна таква решетка за ладење на моторот.
The Bentley Torcal has been revealed as the quickest and most powerful model in the marque’s history…and it might just be the best value too. @evosamj has a first look. https://t.co/b5DomnlK4V
— evo magazine (@evomagazine) September 23, 2026
Bentley, исто така, разви звук што потсетува на работата на V8 мотор.
„Нашата намера од самиот почеток беше да изградиме Bentley, бидејќи веруваме дека луѓето не бараат сосема поинаков автомобил само затоа што е електричен“, рече извршниот директор на компанијата, Франк-Штефен Валисер.
Компанијата претходно го одложи првиот електричен модел и се откажа од својата цел да стане целосно електричен производител до 2030 година, наведувајќи дека клиентите не се подготвени за толку брз премин кон електрични возила.
Бентли ќе инвестира 350 милиони фунти, или околу 402 милиони евра, во производството на Торкал во фабриката во Кру. Компанијата вели дека интересот за новиот модел е силен во Европа, Блискиот Исток и во некои делови од САД.











