
Во креирањето на бруто-додадената вредност во земјоделството, најголемо учество има Југоисточниот Регион со 30.5 %, објави Државниот завод за статистика.
Во креирањето на бруто-додадената вредност во земјоделството, најголемо учество има Југоисточниот Регион со 30.5 %, потоа Пелагонискиот со 28.8 %, додека најмало учество има Југозападниот Регион со 3.0 %.
Во создавањето на вредноста на растителното производство, најголемо учество има Југоисточниот Регион со 33.1 %.
Полошкиот Регион има најголемо учество во создавањето на вредноста на добиточното производство со 17.2 %.











