
Со воведување на еврокодовите во градежништвото, односно европски стандарди за проектирање, подготовка на градба и самата градба, ќе се обезбедат подобри услови за работа на градежниците, но и побезбедни градби за граѓаните, изјави за „Локално“, деканот на Градежниот факултет, Јосиф Јосифовски, пред денешната конференција „Од стандардизација до национална имплементација“ за еврокодовите, која се одржа во Стопанската комора.
-Тоа ќе значи побезбедни и посигурни градби за граѓаните и сите овие проблеми кои ги согледуваме секојдневно ќе ги намалиме и тоа сметаме дека тоа е правиот начин кон кој треба да се движиме, изјави Јосифовски.
Тој објасни дека Градежниот факултет го поддржува проект за национална иницијатива за воведување на еврокодовите во градежно конструктивните сектор, за да покажат подготвеност дека Македонија може да ги следи стандардите и регулативите на ЕУ.
Оваа иницијатива е благородна бидејќи во нашата струка ќе донесе очекувано ќе го подигне квалитетот на струката и на самите градби. Градежниот факултет години наназад е вклучен во овој процес едно десетина години наназад. Сметаме дека процесот е забавен и сакаме преку ваква инцијатива да ја стимулираме и што побрзо да ги донесеме еврокодовите како еденствен начин за подигнање на стандардите во градежништвото, рече Јосифовски и додаде дека за оваа иницијатива имаат поддршка и од стручната фела, но и од министерствата за економија и транспорт и врски, а секако и од Стопанската комора.
Појасни дека постоечкте објекти што не ги исполнуваат тие стандарди ќе треба да претрпат реконструкција, но дека не станува збор за многу такви објекти.
-Сите објекти што нема да ги исполнуваат, тие стандарди ќе треба да се реконструираат, но нема да има премногу такви објекти. Зборуваме за оние најстари можеби од пред земјотресот кои се останати. На сите останати сметаме дека се квалитетни градби, изјави Јосифовски.
-Досега се работи по стандарди кои се од осумдесетите или деведесетите години од минатиот век, кои се несоодветни и сите градби и технолошки процеси бараат сами по себе понови и посовремени стнадарди. Eврокодовите важат за законски решенија, во кои техничкиот момент е значаен или во фокусот и ние сакаме да се усогласиме со европската регулатива, изјави Јосифовски.
Според него, овие нови стандарди ќе се применат во сите фази од изведување на една градба и дека во евркодовите буквално е вградено искуството што тие земји го имаат седумдесет до осумдесет години наназад.
-Во сите фази, не само во фаза на градењето, во припремните фази, во фаза на проектирањето, тоа е комплекс на стандарди во кои се создржани европското искуство во изминатите седум до осум децении, така што за нас тоа ќе биде предност. Се трудиме десетина години да ги воведеме, но имаме реално користење на старата и новата регулативата, но сметаме дека треба сами да се приклучиме кон нив, рече Јосифовски.
Според него, примената на новите стандарди во грaдежништвото не значат дека ќе порасне цената на нeдвижностите.
-Не е нужно дека ќе се зголеми цената на становите, бидејќи еврокодовите се флексибилни и се прилагодуваат кон потребите. Има едно мислење дека со воведување на еврокодовите ќе се воведат поголеми стандарди што ќе значи зголемување на цената на становите, што не е нужно, туку ќе донесе квалитет, рече деканот на Градежниот факултет од Скопје.
Фото: Gemini











