
Европската Унија се соочува со криза на цените на енергијата предизвикана од последиците од војната со Иран врз пазарите на нафта и гас, предупреди денес комесарот за енергија на ЕУ во писмо до кое увид имаше Ројтерс, повикувајќи ги земјите да разгледаат мерки за намалување на побарувачката на енергија.
„Се соочуваме со криза на цените што е поврзана со криза во снабдувањето“, изјави комесарот за енергија на ЕУ, Дан Јергенсен, во писмо упатено до министрите за енергија на земјите-членки на ЕУ.
Иако ЕУ сега е поподготвена отколку што беше во зимата 2021 година, кога Русија ги намали испораките на гас за Европа, владите мора да ги засилат подготовките за претстојната зима, истакна тој.
„Ве повикувам да размислите за воведување или продолжување на спроведувањето мерки што можат да го одржат полнењето на складиштата за гас или да ја намалат побарувачката за гас и електрична енергија, онолку долго колку што е потребно“, рече Јергенсен.











