
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во август 2026 година се намалени за 0.1 % во однос на претходниот месец
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во август 2026 година, во однос на претходниот месец, се намалени во групите Енергија за 0.7 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 0.1 %.
Во август 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 5.1 %. Цените во овој период се зголемени во групите Енергија за 10.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија 2.8 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 4.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.0 %.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во август 2026 година се:
- намалени за 0.1 % во однос на претходниот месец, а
- зголемени за 5.1 % во однос на истиот месец од претходната година
Фото: Gemini











