
Годишната инфлација во Шпанија, според прелиминарните податоци, се забрза во септември од августовските 4,3 на 4,9 проценти, така што сега е на највисоко ниво од февруари 2023 година, објави денес Шпанскиот национален институт за статистика (INE).
Главна причина за забрзувањето на инфлацијата е силното зголемување на цените на горивата, соопшти шпанското Министерство за економија, додавајќи дека зголемувањето на цените е последица на енергетскиот шок предизвикан од војната на Блискиот Исток, пренесува Паис.
Цените на непреработената храна во Шпанија се зголемија за 5,8 проценти, забрзувајќи се од 4,5 проценти во август, додека цените на енергијата се зголемија за 21,6 проценти, и покрај активирањето на субвенциите за дизел.











